Една фотографија покажува колку брзо се менуваат некои работи во тенисот. Сè освен „големата тројка“.
Карлос Алкараз пред шест години беше основец и тинејџер, денес е една од ѕвездите во подем на кои Рафаел Надал смета како негов наследник.
Надал и Алкараз ќе вкрстат рекети во полуфиналето на Индијан Велс во сабота навечер, а пред шест години како мал Алкараз го „улови“ Рафа на фотографирање како навивач.
Сега ситуацијата е малку променета, па шпанскa Марка помпезно го најави како пресметка на „кралот и принцот“ на тенисот
.”Мислам дека ќе биде незапирлив во кариерата. Ги има сите потребни состојки, има страст, толку е скромен што знае колку напорно треба да работи. Тој е добро момче и ме потсетува на мене кога имав 17 години. 18“, му се поклони Надал на помладиот од себе.
Алкараз истакна дека Надал му бил идол кога бил момче, но верува во себе и во своите шанси да биде во финалето на турнирот од серијата 1000.
Второто полуфинале го играат Андреј Рублев и Тејлор Фриц. Потсетуваме, Фриц во четвртфиналето го елиминира Миомир Кечмановиќ во три сета.