Приштина доби сериозно предупредување од Западот дека „да не ни помислува“ да испрати припадници на своите безбедносни сили на север да ги заменат српските полицајци, откако тие ги соблекоа униформите и ги напуштија позициите.

Според неофицијални информации, се проценува дека присуството на албански членови кои би биле задолжени за редот и мирот во српските области не само што би било практично невозможно, туку и тешко би било без сериозни конфликти.

Откако српските полицајци ги напуштија институциите во Приштина, нивната улога треба да ја преземат мисиите на ЕУЛЕКС и УНМИК, односно КФОР, кој ќе ангажира дополнителен број припадници на своите сили на север. Тие не само физички да ги обезбедуваат полициските станици на север, туку и да се грижат за редот и мирот во четирите српски општини.

By Author