Бурната реакција на УЕФА проследена со огромни реакции на навивачите како и на бившите и сегашни играчи и тренери вроди со плод.Имено вчера сите англиски клубови се повлекоа од новата”Супер лига”, прв нога повлече Челзи а останатите го следеа.

Супер лигата така остана со 6 од 12 клуба со 4 ако се земат во предвид најавите на италијанските медиуми дека ќе се повлечат Милан и Интер.

На крајот на краиштата, Јунајтед остана без долгогодишниот прв оперативец Ед Вудвард, а позицијата на сопственикот на клубот, американското семејство Глејзер беше разнишана.

Вредностите на Јунајтед на Њујоршката берза се во опаѓање во моментот, па веќе се шпекулира за промена на сопственоста.Слична најава се објавува и за Ливерпул, кој исто така го имаат Американци, пред се затоа што играчите и стручниот штаб, предводен од менаџерот Јирген Клоп, јавно се изјаснија против Суперлигата.Синоќа се прошири веста дека Андреа Ањели, првиот човек на Јувентус,си дал оставка од клубот, а многу го протолкуваа како знак дека и Јувентус ќе ја напушти Супер лигата.

By Author