Титулата европски првак ја освоија ракометарите на Шведска, кои вечерва во финалето ја совладаа Шпанија со 27:26 (12:13).
Јунак на триумфот, за петтата титула, беше Никлас Екберг, со гол од седмерец во самиот финиш на мечот. Во финалето во Будимпешта гледавме голема драма, а Швеѓаните по петти пат станаа најдобри на Стариот континент.
И тоа за прв пат по 20 години! Интересно, Шпанците имаа можност да го освојат третото злато, но тоа не се случи вечерва.
А одлуката падна во последната секунда со голот на Никлас Екберг со гол од пенал
Во секој момент имаше голема неизвесност, блескаше на голот Швеѓанецот Паличка, но неколку играчи успеаја да го најдат патот до скандинавската мрежа, видовме и еден прекрасен потег на Фигуерас.
Во продолжение Швеѓаните заостанаа, а потоа Оскар Бергендал ги задржа „жолтите“ и не само тоа, најмногу благодарение на неговата снаодливост, тие првпат поведоа во вториот дел.
На влезот во последните пет минути Швеѓаните имаа гол предност (25:24), па Ване од крилната страна и донесе два гола плус на својот тим. Паличка продолжи да биде одличен кога беше најпотребно, се поизвесно беше дека Скандинавците ќе го освојат ЕП.
Сепак, Швеѓаните имаа лоши напади, неколку недоразбирања во клучните минути, слободно можеме да кажеме дека „Фурија“ одигра фантастична одбрана, имаа напад за израмнување во 59. минута од натпреварот. Канељас успеа да израмни, Швеѓаните продолжија да бидат јалови во нападот, па избраниците на тренерот Џорџо Рибера имаа напад за предност во последната минута од играта, кој не беше искористен, иако, според многумина, фаулот беше очигледно над Кањелас. Швеѓаните го имаа последниот напад на натпреварот, во кои добија седмерец шанса за триумф, објави „Спортске.нет“.
Шведска на тронот на Европа се искачи после 20 години откако последно беше најспешна во 2002 година,таа е моментално најуспешната репрезентација на европските првенства со 12 медали не броејќи го овој денешниов.