Во вторник официјално започна групната фаза во Лигата на шампионите, а терминот од 21:00 часот ни носи шест натпревари.

Црвена звезда ја започнува својата невозможна мисија, бидејќи во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите игра против Манчестер Сити.

Покрај Манчестер Сити и Црвена Звезда силите ќе ги одмерат и ПСЖ – Борусија Дортмунд, Барселона – Антверпен, Феенорд – Селтик, Лацио – Атлетико Мадрид и Порто – Шахтјор.

Веќе се одиграни два натпревари

Во Милано на Сан Сиро натпреварот помеќу Милан и Њукасл заврши без голови, додека Лајпциг во Швајцарија на гостински терен извојува победа над Јанг Бојс од 1:3

By Author