На 78-годишна возраст вчера почина познатиот кошаркарски тренер Петар Сканси.
Џинот од сплитска Грипа го маѓепса светот со своите игри и скокови во магичниот кошаркарски рекет.
Сканси е запаметен како селектор на хрватската репрезентација која играше во финалето на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.
Хрватска одигра турнир на кој во финалето беше поразена од САД.
Познатиот „Дрим тим“ тогаш меѓу другите ѕвезди го имаше и Мајкл Џордан, додека за Хрватите играше Дражен Петровиќ.
Сканси е роден 1943 година во Сумартин, а со кошарка почнал да се занимава во Југопластика. Таму остана до 1972 година и како играч стана шампион на Југославија во 1971 година, по што се испроба во Пезаро.
Брзо стана играч и тренер, работа што ја работеше во Југопластика три години до 1976 година.
Подоцна ѓи тренираше италијански клубови како Бенетон, Венеција, Рома, Скаволини и Болоња, ги водеше ПАОК, Сплит и Крк.
ФИБА го вклучи во листата на 50-те најдобри кошаркари во 1991 година. Со Југославија освои сребро на Олимпијадата во 1968 година, злато на Светското првенство во 1970 година, сребро на Светското првенство во 1967 година и сребро на Евробаскетот во 1965 година.
Петар Сканси беше врвен кошаркар и спортист, подоцна прославен тренер на трофејните генерации на сплитска Југопластика и југословенската и хрватската кошаркарска репрезентација, а пред се голем џентлмен.