Подобри резултати во трчањето се постигнуваат со поцврс спортски градник.
Истражувачите од Универзитетот во Мемфис открија врска помеѓу градниците со поцврста поддршка на градите и зголемената вкочанетост во зглобот на коленото, што, пак, води до подобри резултати во трчањето.
Поголемата поддршка на градите за време на трчањето е поврзана со поголема вкочанетост на колената. Оваа вкочанетост, која влијае на изменетото движење на долниот дел од телото, претходно беше поврзана со подобри перформанси во трчањето.
Во студијата спроведена од истражувачи од Универзитетот во Мемфис, забележани се 12 рекреативни жени, кои пријавиле дека носат градници со корпи Be, Ce или De.
Носењето спортски градник со висока поддршка ја зголеми вкочанетоста на коленото за пет проценти во споредба со два проценти зголемување на спортските градници со мала поддршка.
Имајќи ги предвид овие резултати и наодите од претходната студија што ја спроведоа, истражувачите сугерираат дека спортскиот градник со висока поддршка може да ги подобри перформансите на жените во трчање за седум проценти.
Истражувачите сугерираат дека болката во градите може да биде значајна бариера за вежбање. Дури 72 отсто од испитаниците ја пријавиле оваа непријатност при трчање.
Д-р Даглас Пауел од Универзитетот во Мемфис во САД вели дека резултатите од истражувањето покажуваат дека поддршката на градите не влијае само на движењето на градите, туку дека има ефект и на целото тело.
„Тие ефекти може да доведат до намалени перформанси на трчање, зголемен ризик од повреда, па дури и развој на хронична болка како што се болки во грбот и градите“, истакна д-р Пауел.
Според него, во изминатите 50 години има ограничен напредок во дизајнот на градниците.
„Нашите наоди, заедно со заклучоците од претходните истражувачки студии, покажуваат дека спортските градници треба да се гледаат не само како облека, туку и како спортска опрема што може да ги подобри перформансите и да го намали ризикот од повреди, а истовремено игра важна улога во здравјето на жените. “, нагласи д-р Пауел.
Експертите од Центарот за истражување на биомеханиката на градите на Универзитетот во Мемфис сакале да го истражат ефектот на добриот спортски градник врз биомеханиката на трчањето – движењето на телото.
Претходните истражувања покажаа дека зголемената поддршка на спортските градници не само што влијае на движењето на градите, туку може и позитивно да влијае на перформансите во трчање.
Поголемата поддршка на градите исто така е поврзана со помала потрошувачка на кислород и подобар опсег на движења.
Д-р Пауел објаснува дека сè уште не ја разбираме целосно биомеханиката зад подобрените перформанси на трчање со поголема поддршка на градите: „Нашата студија е една од серијата истражувачки студии на темата за таа поддршка и биомеханиката на целото тело. Сакавме да идентификуваме стратегии за намалување на болката во градите предизвикана од физичка активност кај жените“.
Студијата е објавена во списанието Frontiers in Sports and Active Living.