Сопственикот на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, Шеикот Мансур бин Зајед Ал Најан, ќе ги плати патните трошоци на своите навивачи во Порто за финалето во Лигата на шампионите, соопшти денеска клубот.Сити ќе игра против Челзи во финалето на Лигата на шампионите на 29 мај во Порто. Двата клуба добија по 6.000 билети за своите навивачи.

Во соопштението на шампионот во Премиерлигата се вели дека клубот сака да го намали финансискиот товар за навивачите кои биле и продолжуваат да бидат изложени на тешки услови поради пандемијата.

“Пеп и тимот имаа исклучителна сезона и нивниот пласман во Лигата на шампионите по една година со предизвици е историски момент за клубот. Затоа, од исклучително значење е што поголем број навивачи да присуствуваат на оваа посебен меч. Особено оние што навиваа во добри и тешки времиња. за Манчестер Сити “, рече шеикот Мансур.

Со проценето богатство од 26 милијарди евра, шеикот Мансур е еден од најбогатите сопственици на спортски клуб.

Финалето требаше да се одржи во Истанбул, но локацијата беше променета поради зголемувањето на бројот на заразени со вирусот, карантинот во Турција и ограничувањата на патувањето.

By Author