Хрватската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар откако по подобро изведување пенали со 1:1 (3:1) ја совлада селекцијата на Јапонија.
Головите во регуларното време ѓи постигнаа за Јапонија Дајзен Маеда во 43. минута, додека Иван Перишиќ во 55. минута беше стрелец на голот за Хрватска.
По голема борба, Хрватите победија по пенал серијата, а херој на „огнените“ беше голманот Доминик Ливаковиќ, кој одбрани дури три пенали од четири.
Сепак, Јапонците пропуштија одлична можност да се пласираат во четвртфиналето, бидејќи напаѓаа во текот на целиот натпревар.
Почетокот на играта беше многу динамичен и се создаваа шанси на двете страни.
Прво му се закани на Такехиро Томијаша, а на другата страна возврати Перишиќ.
Нова шанса Хрватска имаше во 36. минута, кога Перишиќ ја искористи грешката на одбраната на Јапонија, но шутираше лошо и резултатот остана 0:0.
Маеда му донесе предност на азискиот тим, а Јапонците позадоволни заминаа на полувреме.
Сепак, уште на стартот од вториот дел „коцкестите“ израмнија преку Перишиќ, во 55. минута и до крајот на натпреварот гледавме голема борба.
„Бомбата“ на Лука Модриќ во 62. минута можеше да го промени текот на натпреварот, но голманот на Јапонија Шуичи Гонда одлично одбрани.
Двете селекции не ризикуваа до крајот на мечот и како да чекаа продолженија.
Тоа и се случи, регуларниот дел заврши 1:1 и за прв пат гледавме продолженија на ова Светското првенство во Катар.
Очекувано играта беше разочарувачка, бидејќи и Јапонија и Хрватска сакаа пенали.
Најдобрата прилика Јапонија ја создаде во 105. минута, кога Митома шутираше силно, но Ливаковиќ одбрани.
Како и во првото, така и во второто продолжение најдобрата шанса дојде при крајот, но сега за Хрватска.
Ловро Мајер имаше шанса да го реши прашањето на победникот од работ на шеснаесетникот, но шутираше веднаш покрај десната статива, по што се оди во пенал рулетот.
Така и се случи, регуларниот дел заврши 1:1 и за прв пат гледавме продолженија на Светското првенство во Катар.
Очекувано разочараа, бидејќи и Јапонија и Хрватска сакаа пенали.
Најдобрата прилика Јапонија ја создаде во 105. минута, кога Митома шутираше силно, но Ливаковиќ се мачеше да одбрани.
Како и во првата, така и во второто продолжение најдобрата шанса дојде при крајот, но сега за Хрватска.
Ловро Мајер имаше шанса да го реши прашањето на победникот од работ на шеснаесетникот, но шутираше веднаш покрај десната статива, по што се замина во пенал рулетот.
Јапонците лошо го започна пенал-рулетот, бидејќи Такума Минамино промаши, а Никола Влашиќ погоди.
Ливаковиќ повторно го одбрани пеналот, но сега од Карума Митоми, а Марсело Брозовиќ со прецизен удар зголеми на 2:0.
Сепак, Јапонеците добија трошка надеж кога Такума Асано погоди во третата серија, а Марко Ливаја промаши.
Сепак, Ливаковиќ го одбрани третиот пенал на Јапонија, по што Марио Пашалиќ погоди за Хрватска во четвртфиналето.
Во четврт-финалето „огнените“ ги чекаат победникот од натпреварот помеѓу Бразил и Јужна Кореја кој се игра од 20 часот.