Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои Мастерсот во Мадрид откако во финалето го совлада Александар Зверев со 2:0, во сетови 6:3, 6:1.
За Алкараз ова е втора Мастерс титула сезонава, а воедно и во кариерата. Претходно триумфираше во Мајами.
Финалето во Мадрид траеше само час и четири минути, а Алкараз беше многу доминантен во двата сета.
На Зверев му дозволи да одземе само три поени на сервис во првиот сет, а на брејк стигна во шестиот гем кој го доби со нула.
Во вториот сет беше уште поубедлив и три пати успеа да му го одземе сервисот на ривалот.
При резултат 5:1, Зверев сервираше, Алкараз имаше три врзани меч топки кои не ги искористи, но потоа стигна до четвртата која не ја прокоцка.
Што се однесува до статистиката, Германецот имаше 25 грешки наспроти 11-те на Алкараз, додека соодносот кај победниците беше 12:7 за Шпанецот.
Алкараз од понеделник ќе стане шестиот играч во светот, а оваа сезона веќе има четири титули.
Да потсетиме, Алкараз на патот до титулата во Мадрид успеа да ги совлада Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во два последователни меча, што никој досега не го направи на земјена подлога.