Новата сезона во СЕХА-лигата стартува со денешниот дуел во кој Вардар во СЦ „Јане Сандански“ го пречека составот на Нексе (18 часот). Хрвaтскиот вицепрвак е добро познат ривал за „вардарци“, но и екипа што традиционално им создава доста проблеми на „црвено-црните“, кои имаат три порази на последните пет меча со Нексе.
Вардарци како ја завршија минатата година во меѓународните натпреварувања така ја почнаа и оваа со пораз новата сезона во СЕХА – Газпром лигата, откако тимот на Нексе победи во Скопје со 24-25.
„Црвено-црните“ не го започнаа натпреварот според очекувањата и Нексе по 10 минути игра водеше со 3:6, предност која ја одржуваше до крајот на првиот дел кој заврши 11:13 во корист на хрватскиот тим.
Второто полувреме започна далеку подобро за Вардар, го остави противникот без гол во првите седум минути и со серијата од 4:0 поведе со 15:13. Нексе возврати со серија од 1:3 за 16:16 во 40 минута. Вардар имаше водство до 55 минута 23:22 кога Нексе израмнија а црвено црните промашија во следниот напад па така противникот премина во водство.
Потоа следеше период на игра гол за гол, се до последната минута кога Вејин погоди за 24:25. Во последниот напад, шутот на Моралес беше изблокиран што значеше пораз на Вардар на стартот од СЕХА Лигата.
И покрај послабото издание, вардарци имаа шанса да останат непоразени во СЦ „Јане Сандански“ но не го реализираа последниот напад, откако претходно Вејин на 40 секунди до крајот погоди за водство на Нексе од 24:25.
Ова денес требаше да биде победа или барем реми, но како по стариот обичај завршница нема.