ПСЖ не сакаше да чека ништо

После многуте претпоставки и нагаѓања, најавената фантастична понуда од ПСЖ Мбапе конечно одлучи.

Сагата траеше со месеци, Килијан Мбапе беше блиску до Реал Мадрид, па поблиску до ПСЖ, па го „одјави“ тимот од „Паркот на принцовите“ за да ја преземе десетката на Лука Модриќ“.

А потоа дојде „понудата што не се одбива“.

Не само што доби покачување на платата, туку, според медиумите во Франција, тој ќе биде еден од луѓето кои одлучуваат кога е во прашање изборот на тренер и другите решенија во клубот.

Беше најавено дека Мбапе одлуката ќе ја соопшти во недела за време на емисијата, но наместо тоа, ПСЖ со видео на својот официјален Твитер профил, непосредно пред последниот натпревар оваа сезона што го игра против Мец, потврди дека е постигнат договор.


By Author