Оризот е фантастична основа во многу јадења, а кога се печат ваквите јадења добиваат уште подобар и побогат вкус.

Состојки:
замрзнат зеленчук 1 кесичка
кромид 1 глава
ориз 1 шолја
масло 30 мл
путер 30 гр
јајца 3
кашкавал 200 гр
јогурт 100
пармезан 4 лажици
магдонос по вкус
сол по вкус
бибер по вкус
Начин на подготовка:
Загрејте ги путерот и маслото, па динстајте го оризот со ситно сечканиот кромид. Кога оризот ќе стане стаклест, додадете го зеленчукот. Додадете сол и бибер по вкус и динстајте 10 минути. Префрлете се во сад за печење. Изматете ги јајцата, посолете и побиберете.
Во јајцата додадете јогурт, сечкан магдонос и рендан кашкавал, па прелијте го оризот и зеленчукот. Посипете со пармезан и печете 30 минути во рерна загреана на 180-200 степени.

By Author