Колач кој ке ги воодушеви вашите ненајавени гости, а ќе го подготвите навистина брзо.
Тирамису е еден од омилените колачи на нашите простори, додека Италијанците гордо се фалат дека никаде нема такво благо.

Тирамису се подготвува буквално за 15 минути, а вкусот е фантастичен. Еве ја вашата шанса да блеснете како домаќинка кога ненадејно ќе се појават вашите гости:

Состојки:

Големо пакување пишкоти (бисквити 48 парчиња)
250 мл слатка павлака за колачи
250 грама кисела павлака
100 грама шеќер во прав
2,5 dcl силно црно кафе
малку рум
малку какао

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака, па додадете ја павлаката и шеќерот. Ставете ги на страна. Сварете силно црно кафе и процедете го. Додадете малку рум во кафето, па секоја пишкота потопете ја во изладената течност, ставете го во огноотпорен сад или калап, па одозгора ставете го филот со крем, па уште еден слој пишкоти и одозгора ставете малку какао во прав. Изладете и послужете со кафе.

By Author