Лесени за подготовка, совршени за комбинирање со различни преливи

Во сезоната на тиквички, домаќинките немаат голема дилема околу подготовката на оброците. Поради благиот вкус, тиквичката лесно се комбинира со различни видови месо и зеленчук.

Рецептот што ви го пренесуваме денес е идеален за ручек или вечера со тартар сос, кечап или павлака со додаток на билки.

Состојки:

4 тиквички
50 гр брашно
100 гр презла
150 гр пармезан
50 гр сусам
2 јајца
сол
бибер
лук во прав
зачин
Подготовка:
Излупете ги тиквичките, па исечете ги на дебели стапчиња, посолете ги и оставете ги да отстојат дваесетина минути. Исцедете ги од вишокот вода, па ставете ги во чинија со брашно и убаво извалкајте ги од сите страни.

Потоа ставете ги во садот со изматените јајца, а на крај во садот во кој сте ги измешале презлата, биберот, пармезанот, сусамот и лукот во прав.

Наредете ги тиквичките во тавче обложено со хартија за печење, па печете ги во рерна загреана на 200 степени дваесетина минути.

Послужете ги топлите стапчиња од тиквички со омилениот ладен прелив и уживајте во вкусот.

By Author