Градоначалникот на Тетово Биљал Касами изјави дека, долгот на општина Тетово ги надминал неговите очекувања. Вкупниот долг изнесува 24 милиони евра.

Општината е блокирана од 430 извршители и во моментов може да исплаќа само плати за вработените. Има над 430 решенија на извршители кои ги доставиле до трезорот и во моментот не располагаат со сметка, изјавил Касами.

Градоначалникот најавил дека подготвуваат план за решавање на проблемот со долгот.Најпрво ќе ја деблокираат општинската сметка со цел од јануари наредната година да може да почнат со исполнување на ветувањата. Долгот на општина Тетово ќе биде видлив за граѓаните на видео монитор на плоштадот Илирија, а детално ќе биде објавен и на веб- страната на општината.

By Author