Полицијата попладнево затвори повеќе улици во центарот на Скопје и ѓи евакуираше луѓето од неколку згради поради пријава за напад со експлозивна направа.

МВР излезе со официјално соопштение:

“Ја известуваме јавноста дека МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно.

Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации.”

По пријавата која била добиена во билетарата на МНТ полицијата побарала да се испразни објектот,а било побарано да се евакуираат и од Националната опера и балет и Филхармонија.

Полицијата е распоредена по сите околни улици и пристапот е ограничен 

By Author