Денес во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Фросина Ременски ја достави својата кандидатура за претседател на партијата.

Поранешната пратеничка и екс -потпреседатрлка на партијата,пред седиштето на партијата во изјава за медиумите наведе дека согласно со правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ ѓи предала сите документи за самокандидирање за председател на партијата. Таа е вториот кандидат одкако кандидатура поднесе и заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски.

Според статутот на партијата за председател може да се кандидира секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас.

Рокот за поднесување на кандидатури истекува во петок.

Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот председател,откако Зоран Заев си даде оставка од функцијата по катастрофалниот пораз на локалните избори.

By Author