Ако беа некои други времиња , вестите на денот сигурно ќе гласеа „Жозе Мурињо доби отказ“. Сепак, „Жозе Мурињо доби отказ затоа што одби да го изнесе тимот на терен“ во знак на протест што неговиот тим решил да се вклучи во новоформираната Супер лига е вест која се чини дека е поточна, и која најдобро го отсликува она што моментално се случува во европскиот фудбал.

Дванаесет големи европски клуба, вклучително и Тотенхем, одлучија да го формираат своето „елитно натпреварување“, Европската Супер лига, со што се крши повеќедецениската традиција дека преку Купот на европските шампиони, подоцна Лигата на шампионите, европските екипи во отворен натпревар се обидуваат да ги остварат своите соништа.

Кога утрово дозна дека газдите на клубот во кој работи решиле да им се приклучат на „одметниците“ и со тоа да ја „закопаат“ Лигата на шампионите, но и целиот концепт на фудбалска отвореност за сите кои сонуваат да прават подвизи, победи над непобедливите и како аутсајдери да ги зграпчуваат своите соништа – „Специјалниот“ направи нешто посебно. Тој одби да го изнесе тимот на теренот.

Самиот Тотенхем, во клупското соопштение, ги посочи вообичаените работи за ситуации кога има предвремено раскинување на соработката, му се „заблагодари на тренерот за сè што има направено“, дека сите во клубот „го ценат напорот“, но информациите за потегот на тренингот на Мурињо, иако сè уште не потврдена од самиот Португалец, еден од отпуштените соработници или самите играчи на – за момент ја обиколи планетата.Веќе има такви кои тврдат дека Жозе„засекогаш ќе се поздравува“ поради неговиот потег …

By Author