На реванш мечот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу македонскиот Шкупи и Динамо Загреб, повторно се прошири омраза насочена кон Србија.
Зошто мора спортот да се политизира, и дали се ова вистински навивачи некој треба да ги извести од која земја е Шкупи и кој го финансира.
Приврзаниците на македонскиот клуб, за кој играат албански играчи и го поддржуваат албанските навивачи, го предводеа навивањето, на кое се приклучија и мал број симпатизери на Динамо.
Албанците и Хрватите заедно скандираа „Умри Србија“ и „Убиј го Србинот“ на стадионот „Национална арена Тоше Проески“, што беше случај и на првиот меч во Загреб пред една недела.
Потоа на трибините се појави знамето на ОВК, како и знаме на голема Албанија, македонско знаме повторно немаше.
Се прашувам само дали сите ке беа вака толерантни и немаше да има никакви реакции ако додека игра некој од македонските клубови навивачите извадеа знаме на обединета Македонија и навредуваа некој од нејзините соседи.
За недоличното навивање и на двата натпревари не реагираше никој нит УЕФА нити некој од националните фудбалски сојузи. Малку не прифатливо во време кога се бориме за толеранција,и против расизм.
По ремито во Загреб (2:2), Динамо во реваншот победи со 1:0 со голот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, а во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите ќе игра против бугарски Лудогорец.