Нешто големо се подготвува во Каталонија.
Преодниот рок на Барселона оваа година веројатно ќе биде најголемата енигма за сите аналитичари во наредните години. Иако каталонскиот клуб мака мачи со финансиите, играчите не престануваат да пристигнуваат. Последната информација за доаѓањето на Бернардо Силва шокираше многумина, а по последната изјава на Пеп Гвардиола јасно е дека трансферот е блиску.
– Тој е наш играч, сакаме да остане со нас. Повторно, не сакам никој во мојот тим да биде несреќен. Како играч и како личност – тој е еден од најдобрите со кои сум работел. Но, ако пристигне понуда… Има уште неколку дена до крајот на преодниот рок, доколку Бернардо си замине – ќе треба да одиме на пазарот. И нема да биде воопшто лесно. Треба да знаете дека тој навистина ја сака Барселона.