Ждрепката за Катар ги одреди групите за Светското првенство кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.
Историјата се повторува! Кој би рекол дека четири години по мечевите во Русија против Бразил, Швајцарија, Србија повторно ќе оди кај истите ривали! Сега е време за одмаздата на орлите. Покрај нив, во група Г оди и Камерун.
Групната фаза ќе донесе и неколку големи дербија.
Од бившите ЈУ простори на светското се и хрватите кои посакуваа да не бидат во иста група со србите и им се исполни желбата.
Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Шпанија и Германија во групата Е, а ќе има жестоки пресметки меѓу двете англосаксонски репрезентации – Англија и САД во групата Б.
Аргентинците ќе играат против Полска.
ГРУПА А: Катар, Холандија, Сенегал, Еквадор
ГРУПА Б: Англија, САД, Иран, Велс / Шкотска / Украина
ГРУПА Ц: Аргентина, Мексико, Полска, Саудиска Арабија
ГРУПА Д: Франција, Данска, Тунис, Канада
ГРУПА Е: Шпанија, Германија, Јапонија, Костарика / Нов Зеланд
ГРУПА Ф: Белгија, Хрватска, Мароко, победник во плејофот
ГРУПА Г: Бразил, Швајцарија, Србија, Камерун
ГРУПА Х: Португалија, Уругвај, Јужна Кореја, Гана
Невообичаено за прв пат светското првенство во фудбал оваа година ке го гледаме во зима.