Најдобриот тенисер на светот Џокович не патува за Сиднеј, тој нема да игра на првиот АТП-куп во новата година.

Овој куп се игра во Сиднеј од 1-9 јануари, а предходните недели се шпекулираше дека Новак Џокович се пријавил само за да ја осигура картата за турнирот на српската репрезентација.

Србија во Сиднеј ќе патува и без својот тренер Виктор Троицки. За Српската репрезентација ке играат Филип Крајанович, Душан Лајович, Матеј Сабинов, Никола Чачич и Никола Милојевич.

Селектор на Србија според пропозициите на турнирот ќе биде најдобро рангираниот тенисер, бидејќи Џокович нема да биде таму таа улога ќе му припадне на Душан Лајович. Тој во моментов е 33-то рангиран на АТП листата.

Да потсетиме Србија ќе игра во група со Норвешка Шпанија и Чиле(1,3и5 јануар).

Сеуште не е познато дали подоцна првиот рекет ќе учествува на Австралија опен кој ќе се одржи во Мелбурн од 17 до 30 јануари. Со денови се шпекулира дали Новак е вакциниран, или е пријавен за медицинско ослободување.

Досега Новак девет пати го има освоено трофејот во Мелбурн, а Австалија опен му нуди можност да стане играч со најмногу освоени гренд слем титули, моментално има 20 колку и Рафаел Надал и Роџер Федерер.

By Author