Јокиќ стигна до 109. трипл-дабл во кариерата, но вториот пораз од Нагетс беше неизбежен.
Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени на гостувањето кај Хјустон 107:104 и со тоа го забележаа само вториот пораз сезонава, а одлична партија и нов трипл дабл оствари српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Актуелниот МВП на НБА лигата овојпат делуваше незапирливо за противничките играчи, па од стартот на мечот погоди од сите позиции и асистираше. Така го оствари 109-от трипл-дабл во кариерата, а мечот го заврши со 36 поени, 21 скок и 11 асистенции, шутирајќи 13/26 од поле.
Двоцифрени кај Денвер беа Портер со 25, Гордон со 16 и Џексон со 14 поени. Во победничкиот тим се истакна Ванвлит со 26, Шенгун постигна 23, а Џеф Грин постигна 15 поени.
Рокетси ја забележаа шестата последователна победа и сега имаат 6-3, додека Нагетс го забележаа само вториот пораз сезонава и сега имаат 8-2.
РЕЗУЛТАТИ НБА
Њујорк Никс – Шарлот 129:107
Бруклин – Вашингтон 102:94
ЛА Клиперс – Мемфис 101:105
Филаделфија – Индијана 137:126
Чикаго – Детроит 119:108
Њу Орлеанс – Далас 124:136
Сан Антонио – Мајами 113:118
Феникс – Оклахома 99:111
Голден Стејт – Минесота 110:116
ЛА Лејкерс – Портланд (се игра)