За прв пат во историјата нема да го видиме домаќинот на отворањето.
Иако Катар е домаќин на Светското првенство кое ќе се игра од 21 ноември до 18 декември, неговиот дуел со Eквадор нема да го гледаме на отворањето.
Натпреварот требаше да го одиграат од 11 часот против Еквадор, но тогаш ќе го играат Холандија и Сенегал.
Имено, домаќинот за прв пат во историјата нема да го отвори Светското првенство, а причината е крајно бизарна.
Катарската фудбалска асоцијација и американската телевизија побараа натпреварот да се одигра во вечерните часови бидејќи Катар „не сака да игра во текот на денот бидејќи огромниот огномет што беше подготвен немаше да биде доволно спектакуларен“.
Американската телевизија побара и САД да играат што е можно доцна на 21 ноември поради временската разлика во однос на Доха.