Првата тенисерка во светот Ига Швјонтек ја одбрани титулата на турнирот во Рим.
Неверојатната полска тенисерка во финалето ја победи седмо рангираната во светот, Унс Џабир од Тунис – 6:2, 6:2.
Швјонтек победи по час и 23 минути и ја постигна 28-та последователна победа.
Таа во првиот сет двапати и го одзеде сервисот на противничката и зачекори кон одбраната на римскиот трон.
Полската тенисерка добро го започна вториот сет и поведе со 4:0. Потоа Џабир врза два гема, но не успеа повеќе од тоа, па нејзината серија од 11 победи беше прекината.
Тоа беше петто последователно финале за Швјонтек и петта титула годинава, осма во кариерата – славеше во секоја борба за трофејот.
Џабир играше во второто последователно финале, откако минатата недела ја освои титулата во Мадрид. Таа има две титули во кариерата.