Поранешниот украински фудбалер Андреј Шевченко е во преговори за купување на фудбалскиот клуб Пескара.

Според италијанските медиуми, поранешниот напаѓач треба да се сретне со претседателот на овој клуб за да се договори за купување на најголемиот дел од акциите на Пескара.

Пескара моментално игра во Серија Ц, третото ниво на италијанскиот фудбал. Преку лигашкиот дел изборија пласман во плеј-офот каде ќе ги одмерат силите во Куп системот за влез во Серија Б.

Локалните медиуми веднаш објавија дека Андреј Шевченко пристигнал во Пескара за да преговара за купување на клубот со Даниеле Себастиани.

Шевченко слета на аеродромот Линате во Милано, а потоа се упати кон градот на Јадранското Море, кон стадионот „Адријатико“, местото каде фудбалерите на Пескара ги играат своите натпревари.

Шевченко до лани беше селектор на репрезентацијата на Украина, а по заминувањето од кормилото на репрезентацијата стана тренер на Џенова. Таму останал само два месеци, по што добил отказ.

By Author