Роџер Федерер е најплатениот тенисер во 2021 година и еден од спортистите со најголема заработка во предходните 12 месеци, иако веќе подолго време е надвор од теренот поради повреда на коленото. Според Форбс објавено пред почетокот на US-open, заработил 90,6 милиони долари и покрај тоа што одигра само неколку турнири на кои што и немаше премногу успех. Швајцарецот е само еден од шестмината спорти кои во текот на кариерата заработиле повеќе од милијарда американски банкноти, заедно со Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, Леброн Џејмс, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Сега веќе ветеран,кој е на почеток на петата деценија, веќе 16 години е најплатениот тенисер на планетата. Тоа му поаѓа од рака благодарение на неверојатниот успех вон теренот, маркентишкиот потенцијал и бирањето на спонзорски договори.
Ветеранот од Базел предходната година беше во топ 10 иако не играше затоа што беше “замрзната” бодовната листа. Во моментов има 3665 бода и се наоѓа на 9 место но со оглед на тоа што ѓи пропушта турнирите се предвидува до крајот на годинава да биде во топ 20.Но тоа многу нема да смени во неговите приходи. Еден од спонзорските договори на Федерер е со Уникло кој го склучи во 2018 на фантастични 300 000 000 долари за десет години, нема клаузула за пензионирање.
Швајцарецот е легенда на теренот, но и надвор од него добро игра.