Новинарот на “Билд” Кристиан Фалк денес објави дека Борусија Дортмун во обид да го задржи Ерлинг Халанд му понудиле двојно повисока плата. Менаџерот Мино Раиола бара 40 милиони годишна плата за својот клиент, па така понудата од 15 милиони од милионерите изгледа тешко дека ќе биде прифатена.

Со оглед на тоа колку големи клубови се заинтересирани за норвежанецот, а него на лето му се активира откупната клаузула од 75 милиони евра, не е тешко да се претпостави дека ќе му ја откаже верноста на досегашниот клуб.

By Author