Рафаел Надал стигна до јубилејниот 21. трофеј на Грен слем турнирите, бидејќи во финалето на Австралија Опен го победи Данило Медведев со 3:2 во сетови.
Тој не го криеше ентузијазмот по мечот.
„Добра вечер, всушност добро утро. Тежок момент е Даниле, ти си голем шампион, неколку пати бев во таква ситуација да останам без овој трофеј. Неверојатни сте и сигурен сум дека ќе го освоите уште неколку пати.
Немам зборови да кажам… беше неверојатно, пред месец и половина не знаев дали повторно ќе играм тенис, а сега сум тука. Бевте неверојатни, ви благодарам за љубовта и поддршката“, изјави Надал по титулата.
Тој истакна дека пред само месец и половина мислел дека е крајот, а сега се е поинаку.
„Ова беше еден од најтешките месеци во мојата кариера, поддршката што ја добив ќе остане во моето срце засекогаш. Не можам доволно да им се заблагодарам на тимот и семејството, знаете колку беше тешко во последните година и пол во тешките моменти бевте тука.
Пред месец и половина би рекол дека е готово, а сега имам толку многу енергија. Сакам да дадам се од себе за повторно да дојдам, се гледаме наскоро“, заклучи Шпанецот.