Полуфиналниот судир го одбележа и присуството на публика, која можеше да остане до крајот на натпреварот, иако до сега правилото беше да се испразнат трибините во 23 часот. А, тенисерот имаше комуникација со публиката во текот на натпревар.
Ѓоковиќ имаше неколку жестоки дискусии со навивачите, а по натпреварот, еден од српските навивачи реши да се вмеша, па прокоментира како Ѓоковиќ играл без притисок.
– Да, да, нема притисок. Така си велите во себе – одговори Ноле со насмевка на лицето.
Српскиот тенисер во недела ќе го игра финалето на Ролан Гарос со Стефанос Циципас, откако славеше во епскиот натпревар против Рафаел Надал со 3: 1.