Рома го исфрли Баер Леверкузен и со реми без голови влезе во финалето на Лига Европа, а многу добро знаеме како Мурињо го прави тоа!

Рома со ремито без голови против Баерн Леверкузен во Германија влезе во финалето на Лига Европа, откако минатата недела на римскиот „Олимпик“ забележа тесна победа (1:0). На овој начин, со вообичаената „тврда“ игра на избраниците на Жозе Мурињо во реваншот, Португалецот уште еднаш ја однесе Рома во европското финале и ќе играат на 31 мај во Будимпешта и повторно Севиља која го елиминираше Јувентус ќе биде таму. Кој и да победи на тој натпревар ќе го подигне европскиот куп и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Рома на натпреварот против Баерн упати само еден удар кон голот, за разлика од Баерн кој имаше 23 шута! Германскиот тим шутираше шест пати во рамката од голот, но ниту еднаш не го „проби“ Португалецот Руи Патрисио.

Португалецот ќе игра за својот шести европски трофеј (две Лиги на шампиони, два Купа на УЕФА/Лига Европа, Суперкуп на Европа и Конференциска лига).

By Author