Мундијалот во Катар зад кој има бројни контроверзи ќе биде последното Светско првенство на кое сме навикнати.

Кога ќе се спушти завесата во декември, ќе го добиеме последниот светски првак на турнирот со 32 селекции.

Потоа, според одлуката на ФИФА од 2017 година, првенствата ќе ги гледаме со 48 екипи, а првото ќе се игра во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Тоа значи дека ќе има различна распределба на репрезентациите на континентите, а најмногу ќе добијат Азија и Африка кои ќе добијат дополнителни четири претставници. Така Африка ќе има девет, а Азија осум.

Европа ќе добие 16 претставници во тој формат од претходните 13 селекции.

Проблемот лежи во тоа што според новите пропозиции една селекција би можела да добие речиси загарантиран пласман на Мундијалот.

Океанија ќе добие загарантирано место според новата распределба, што значи дека Нов Зеланд би станал редовен учесник на завршните турнири.

Нов Зеланд буквално нема достоен конкурент кој би можел да му ги загрози шансите да оди на Мундијалот. Тие во финалето на квалификациите за Катар ги победија Соломонските Острови со 5-0, а во првите пет натпревари од квалификацискиот турнир постигнаа 18, а примија само еден гол.

Сепак, тоа не беше доволно за место во Катар, бидејќи победникот на Океанија за конечен пласман на Мундијалот мора да игра интерконтинентален бараж, годинава со петтопласираната селекција од зоната КОНКАКАФ, Костарика.

Речиси секогаш тој бараж им беше непремостлива пречка и само еднаш успеаја да го поминат, па без мака добиваа пласман.

Тоа може да се промени само ако Австралија се врати на квалификациите во регионот на Океанија.

Секако дека ќе има квалификации како и секогаш, но тоа ќе биде само обична формалност бидејќи Нов Зеланд нема достоен ривал во својата зона и нема да мора повеќе да оди во екстра бараж.

Со проширувањето на Мундијалот, ФИФА наместо досегашните 5,5 ќе добие 6,5 милијарди евра.

By Author