Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Виљареал со 2-0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Ова беше вистинскиот час на фудбал во изведба на избраниците на Јирген Клоп.
Од првата минута Ливерпул ја имаше иницијативата, додека Виљареал очекувано се одлучи за дефанзивна тактика.
Ливерпул уште од самиот почеток на натпреварот тргна бурно, предизвикувајќи блага паника со силен притисок врз играчите на тимот од Шпанија, но ниту еден од 13-те удари кон голот на Виљареал не заврши со гол. Особено блиску беа „Црвените“ во 22. минута, кога Џордан Хендерсон ја погоди стативата по малку бизарен удар од мртов агол од околу 20 метри, а потоа во 42. минута, кога Тиаго Алкантара шутираше од околу 25 метри, но неговиот удар заврши горе на стативата.
Ливерпул упати 13 удари во првиот дел од натпреварот, два во рамките на голот, а со таков ритам продолжи и во вториот дел. Најпрвин голот на Фабиње беше поништен во 50. минута поради офсајд во кој беше Вирџил ван Дајк, но беше 1:0 во 54. минута, бидејќи центаршутот на Џордан Хендерсон на Первис Еступињан незгодно го закачи и го измами Џеронимо Руљи на голот на Виљареал.
Се чинеше дека ги пресече гостите, откако во следниот напад Мохамед Салах брилијантно го ангажираше Сади Мане, на кој не му беше тешко да ја затресе мрежата.
Можеше да биде 3-0 во 64. минута, бидејќи Енди Робертсон му асистираше на Трент Александар Арнолд во голот, но тој беше во недозволена позиција.
До крајот на натпреварот фудбалерите на шпанскиот тим не успеаја да го загрозат Алисон, додека нападот на тимот од Енфилд малку забави, па остана 2:0.
Реваншот е закажан за 3 мај во Шпанија.