Панатинаикос го обели образот на домаќините вечерва.

Кошаркарите на Реал Мадрид го демолираа Ефес на гости со резултат 103:80 во второто коло од Евролигата.

Клучната предност мадриѓаните ја стекнаа во вториот период кој го добија со 29:17, а Ефес не успеа да се врати во вториот дел, па Реал беше уште поубедлив.

Најдобар во редовите на Реал беше Гершон Јабуселе со 22 поени, осум скока и четири асистенции и влезе во конкуренција за МВП на колото. Фабијан Козер постигна 18 поени, додека Факундо Кампацо 15 поени, 10 асистенции и шест скока.

Кај Ефес се истакна Дариус Томпсон со 20 поени и седум скока, додека Родриг Бубоа постигна 19 поени.

Реал има две победи по исто толку натпревари, додека Ефес ги доживеа двата порази од шпанските екипи и се наоѓа на дното на табелата.

Панатинаикос на свој терен го победи Баерн со резултат 78:71.

Грчкиот тим брилијантно го отвори натпреварот, стигна до двоцифрена предност, но Баварците успеаја да се вратат и да искомплицираат се.

Домаќините имаа +12 во последниот дел, но следеше серија на Баерн од 0:9, па влезе во неизвесна завршница во која избраниците на Ергин Атаман не се предадоа.

Најдобар во дресот на Панатинаикос беше Матијас Лесор со 16 поени и шест скока, додека Џериан Грант постигна 14 поени.

Кај Баерн Леандро Болмаро постигна 19 поени, а Девин Букер 11 со седум скока.

Двата тима сега имаат победа и пораз во Евролигата.

Интересно беше и во Германија, каде Басконија на гости ја победи Алба со 91:86.

Јунак на победата беше, Код Милер-Макинтајр со 17 поени, додека Цима Монеке имаше 15.

Кај Алба Тим Шнајдер постигна 17 поени, додека Џоанес Тиеман имаше дабл-дабл со 13 поени и 10 скока.

Бакошнија има скор 1-1, додека Алба е 0-2.

ЧЕТВРТОК
Анадолу Ефес – Реал Мадрид 80:103

Алба Берлин – Басконија 86:91

Асвел – Партизан 62:88

Панатинаикос – Баерн Минхен 78:71

Откажана Олимпија Милано – Макаби Тел Авив

ПЕТОК
19:00 Монако – Виртус

19.00 часот Жалгирис – Црвена звезда

20.15 Олимпијакос – Барселона

20.30 Валенсија – Фенербахче

By Author