Битолчани вечерва му гостуваа на МЗТ Скопје Аеродром во третиот меч од финалната серија на плејофот. Пелистер се радуваше во Битола во неделата и со победата ја израмни серијата на 1-1 во мечеви, зголемувајќи ја неизвесноста, битолчани во трка по првата титула.
Во третиот натпревар од финалето во плејофот, кошаркарите на МЗТ Скопје одново беа подобри, „металците“ славеа со 86-62 .
Дамка на натпреварот стави десетминутниот прекин на натпреварот поради немирите кои ѓи предизвикаа навивачите на Пелистер. Чкеммбарите прво тргнаа да се пресметат со обезбедувањето, а потоа и со полицијата. Пелистер ги повлече играчите се до расчистувањето на ситуацијата. Полицијата ѓи смири гостинските навивачи и кошаркарите на Пелистер се вратија да го доиграт натпреварот.
Следниот натпревар ќе се игра во петок во Битола.