Аргентинскиот ас Лионел Меси ја преќинува повеќе месечната тишина,имено аргентинецот нема дадено ниту една изјава за медиумите и се нема појавено на ниту една пресконференција од 28 декември минатата година.Но сега Меси даде интервју за аргентинскиот Оле во кое можеби ќе даде некоја информација во однос на неговите идни ангажмани,со оглед на фактот дека неговиот актуелен договор со Барселона завршува на 30 јуни.
Меси беше видно незадоволен од ситуацијата во каталонскиот гигант но работите се подобрија откако на чело на клубот дојде актуелниот претседател Лапорта кој изјави дека ќе даде се од себе за да го задржи аргентинецот, па постои можност Лео да го продолжи договорот на крајот на сезоната.
Од друга страна Парис Сен Жермен и Манчестер Сити внимателно го пратата развојот на настаните во каталонскиот клуб и бараат шанса да го доведат аргентинецот во своите редови,тие се можеби единствените кои во моментов би можеле да ги прифатат барањата на Меси како и да ги исплаќаат неговите месечни примања.