Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа тимот на Орландо со 3:1 во Лига купот. Никого не изненадува што Лионел Меси повторно беше централна фигура, блескаше.

Домашниот тим брилијантно го отвори натпреварот пред распродадениот стадион во Форт Лодердејл. Поведоа во седмата минута по одлична акција.

Тејлор ја помести одбраната на Орландо, Меси влезе во празниот простор, ја прими топката на гради и ја заби во голот на воодушевување на над 20 илјади навивачи.

Сепак, Орладно одговори само десет минути подоцна. По корнер за гостите, Араухо налета на топката и со прецизен удар ги израмни резултатите на семафорот. Со резултат 1:1 заминавме на одмор.

Мајами одлично го започна второто полувреме. Мартинез беше соборен во шеснаесетникот на Орландо, судијата покажа на пеналот кој Мартинез го реализираше за 2:1.

Меси стави точка на победата во дербито на Флорида. Мартинез ја прими топката, му ја врати на Меси, кој со волеј удар со послабата десна нога удри во мрежата на Галезе.

На некој начин ова е одмазда на Меси бидејќи навивачите на Орландо пред неколку дена му го уништија муралот.

By Author