Во претпоследното четвртфинале на УС Опен се сретнаа двајца Руси, Даниил Медведев и Андреј Рубљов. Медведев, третиот тенисер во светот, излезе како победник од овој дуел со 3-0.

Рубљев фантастично го започна мечот со 3 освоени гема и еден брејк, но Медведев се разигра и направи пресврт во своја полза и го доби првиот сет со 7:5.

Во вториот сет Медведев по изедначена борба победи со 6:3, а во третиот по голема борба сетот го однесе Данил со резултат 6:4.

Данил Медведев го чека исходот од последното четврт-финале кое се игра вечерта меѓу среда и четврток со почеток од 2 часот и 15 минути, а во тој меч ќе се сретнат Алкараз и Зверев.

By Author