Фудбалската репрезентација на Македонија пред историјски успех.
Во првиот круг од квалификациите за светското првенство во Катар, Македонската репрезентација на 24 март го имаше за противник европскиот првак Италија и сите Македонија ја отпишаа. Фудбалерите но и цела нација се надеваа на чудо и се случи.
Македонската владаЗа постигнатиот успех ѓи награди со дипломатски пасоши Благоја Милевски, Алексндар Трајковски и Енис Барди.
Фудбалската репрезентација во вторник од 20 часот и 45 минути ќе игра против Португалија во финалниот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Македонците ја шокираа Италија со голот на Александар Трјаковски со 1:0 , а сега ќе имаат додатна мотивација, покрај дипломатските пасоши за целата репрезентација ќе имаат финансиски мотив за нов предизвик и уште поголема борба.
Имено, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, објави дека државата обезбедила премии од половина милион евра во случај да помине на Мундијалот.
Натпреварот со Португалија ќе се игра на стадионот „Драгао“, а доколку се пласираат на Светското првенство, Македонците ќе го направат вториот последователен успех на големите натпреварувања.
Лани беа учесници на Европското првенство каде натпреварувањето го завршија во група.