Фудбалерите на Баерн Минхен на Алијанц Арена се сретнаа со Манчестер Сити (1:1), додека Интер на „Џузепе Меаца“ ја пречека Бенфика и исто така ремизираше со резултат 3:3.

Во двата дуели беше возбудливо.

Баерн остана со играч помалку, па судиската одлука беше поништена, а Ерлинг Халанд од речиси трагичар се претвори во херој кој го реши натпреварот. Халан се искупи за промашениот пенал.

Во 19. минута се случи една многу интересна ситуација. Халан тргна еден на еден со голманот, а Упамекано стартуваше и доби директен црвен картон. Сепак, дефанзивецот на домашниот тим имаше среќа, бидејќи ВАР потврди дека е во офсајд, па картонот беше поништен.

Сити закажа дерби во полуфиналето од Лигата на шампионите откако го победија Баерн Минхен со вкупни 4:1.

На првиот меч во Манчестер Сити победи со 3:0, додека во реваншот на „Алијанц Арена“ беше 1:1.

Интер ја пречека Бенфика, навивачите уживаа во спектаклот.

Второто полувреме во Милано донесе дожд од голови.

Италијанците одлично го почнаа натпреварот, први поведоа, но Бенфика израмни на крајот од првото полувреме.

Нероаѕурите поведоа со голот на Никола Барела во 14. минута, додека португалскиот тим израмни во 38. минута кога Аруснес постигна гол.

Во 68. минута домашните повторно поведоа, а стрелец беше Лаутаро Мартинез. Десетина минути подоцна влезе и Хоакин Кореа. До крајот Антонио Силва и Петар Муса успеаја да ја спасат Бенфика од пораз, и почесно да се простат од Лигата на шампионите.

Италијанскиот тим со 3:3, односно 5:3 за во вкупниот резултат продолжуваат во Лигата на шампиони.

By Author