Победникот на Светскиот куп Лионел Меси е суспендиран од Пари Сен Жермен поради лично промотивно патување во Саудиска Арабија за кое што не доби дозвола од неговиот клуб кој продолжува да води во трката за титулата во Лига 1.
35-годишниот фудбалер е фотографиран во Ријад во понеделникот, откако допатувал во земјата во неделата навечер.
Аргентинскиот победник на Светскиот куп, кој има улога на туристички амбасадор на Саудиска Арабија.
Се претпоставува дека нему му била одбиена дозволата за патување од официјалните лица на ПСЖ и е казнет со двенеделна плата и суспензија од два натпревари, исто така нема да тренира со ПСЖ во истиот период
Меси, кој се врати во Париз во вторникот вечерта, ги користеше социјалните мрежи за да го рекламира своето патување додека министерот за туризам на Саудиска Арабија објавуваше слики од неговата посета.
Суспензијата значи дека Меси ќе биде достапен за ПСЖ за нивниот натпревар со Оксер на 21 мај, но ќе ги пропушти првенствените натпревари против Троа и Ајачио.
ПСЖ не даде никаков јавен коментар.
Меси ги одигра сите 90 минути од неделниот натпревар на домашен терен каде што изгубија од Лориен со 3:1, со што водството на ПСЖ над Марсеј на врвот во Лига 1 се намали на пет бода.
Се вели дека француската страна усвоила нова политика под водство на нејзиниот претседател, Насер ал Хелаифи, во која ниту еден поединец не е поголем од клубот.
Суспензијата на Меси доаѓа поради шпекулациите за тоа дали тој ќе остане во Париз бидејќи влегува во последниот период од двегодишниот договор.
Неговиот поранешен клуб Барселона се смета дека е заинтересиран да го врати во Шпанија, додека Саудиска Арабија Ал Хилал наводно е подготвен да му даде на Меси огромен договор од 400 милиони фунти за само една сезона.
Капитенот на Аргентина оваа сезона постигна 24 гола за својот клуб.