Фудбалерите на Ливерпул играат на „Енфилд“ против Виљареал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Во првото полуфинале, Манчестер Сити го победи Реал Мадрид во спектакуларен натпревар – 4:3.

Виљареал го шокираше прво Јувентус, а потоа и Баерн Минхен.

Ливерпул во осминафиналето го исфрли Интер и потоа беше подобар од Бенфика.

Ливерпул е голем фаворит на овој дуел, но Виљареал покажа дека знае да игра со најдобрите тимови во Европа и јасно е дека на тимот на Јирген Клоп воопшто нема да му биде лесно.

Судија: Шимон Марчинак (Полска)

Ливерпул: Алисон – Александер-Арнолд, Ван Дајк, Конате, Робертсон – Фабињо, Хендерсон, Тијаго – Салах, Мане, Дијаз.

Виљареал: Рули – Војт, Албиол, Пау Торес, Еступињан – Чукуезе, Парехо, Капуа, Кокелан – Ло Селсо, Данџума.

By Author