Војната во Украина со денови е централна тема во светските медиуми, а како последица на рускиот напад, сите спортисти од таа земја, но и клубови беа исфрлени од натпреварувањето.
Иако многумина ја поддржуваат ваквата одлука, има и такви кои веруваат дека тоа е погрешен пристап.
Меѓу нив е и легендата на Ливерпул и Астон Вила Стен Колимор.
Колимор беше прилично шокиран од одлуката на ФИФА и УЕФА да ги суспендираат руските клубови и федерации и да им забранат да се натпреваруваат. Англичанецот на својот Твитер профил праша дали е неопходно да им се забрани на руските фудбалери да играат за клубови во странство.
„Ние не ги протеравме Американците од Британија кога САД илегално го нападнаа Ирак. Зошто на Русите ќе им биде забрането да работат легално само поради нивното родно место?“, праша Колимор.
Колимор реагираше на најавите дека покрај руските клубови и репрезентацијата суспендирани се и фудбалери кои настапуваат во странство.