Легендарниот италијански тренер Фабио Капело е скептичен за останувањето на Душан Влаховиќ во италијанската Серија А следната сезона.

Капело во опширното интервју дадено за „Газета дело спорт“ се осврна и на неизбежните теми во италијанскиот и српскиот фудбал – односно одлуката на Душан Влаховиќ каде ќе ја продолжи кариерата.

„На тимот му треба напаѓач, а тој е млад и квалитетен играч. Влаховиќ би бил нешто ново. Подготвен е за ваков предизвик, има енергија и гнев на шампион. Но, се плашам дека следната сезона ќе го гледаме во побогата лига од Серија А“, изјави легендарниот тренер.

Да потсетиме, Влаховиќ има договор со Фиорентина до јуни 2023 година, но се шпекулира дека би можел да ја промени средината во зима.

„Трансфермаркт“ неодамна ја ажурираше вредноста на напаѓачот, а според последните проценки вредноста на српскиот репрезентативец на фудбалскиот пазар изнесува 70 милиони евра. Извесно е дека европските великани ќе понудат поголеми суми за да го добијат Влаховиќ.

By Author