Поранешниот фудбалски репрезентативец на Аргентина, Карлос Тевез е назначен за нов тренер на Росарио, соопштија од истоимениот клуб.
Аргентинецот неодамна ја заврши играчката кариера, велејќи дека тоа го направил поради смртта на неговиот татко.
Сепак, Тевез реши да му се врати на фудбалот во поинаква и по малку изненадувачка улога.
Неговата работа во Росарио ќе биде негова прва тренерска кариера.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус во Аргентина настапуваше само за Бока Јуниорс.
Тевез на клупата на Росарио ќе го замени својот поранешен соиграч од репрезентацијата Кристијано Кили Гонзалес.