СВЕТСКАта антидопинг агенција направи преглед на супстанците кои нема да бидат дозволени во спортовите над кои е надлежно ова тело – марихуаната остана на листата на забранети супстанци, додека опијатот трамадол е додаден на „црната“ листа.

WADA одлучи да преиспита дали да дозволи употреба на THC, психоактивна состојка во канабисот, бидејќи ќе се најде во центарот на вниманието на светската спортска јавност во 2021 година. Тогаш американската спринтерка Ша’Кара Ричардсон доби забрана за настап на Олимпијадата во Токио бидејќи беше позитивна на THC.

Атлетичарката доби едномесечна суспензија, со што практично остана без можност да се бори за олимписки медал на 100 метри, на кој беше еден од фаворитите.

Агенцијата ангажирала експерти кои интервјуирале спортисти кои уживаат во марихуана, но извештајот на експертот на крајот заклучил дека „употребата на канабис е во конфликт со спортскиот дух“.

На состанокот што го одржа WADA во Сиднеј, беше одлучено од 2024 година и трамадолот да се најде на листата на забранети супстанции.

(B92)

By Author