Ѕвездата на Пари Сен Жермен скоро сигурно го напушта „Паркот на принцовите“, Реал беше истуркан во преден план како најверојатна дестинација на младиот Французин.
Иако Покетино не ја именуваше Премиер лигата, две причини укажуваат дека станува збор за Ливерпул. Првиот е прилично едноставен, Ливерпул е досега единствениот англиски клуб кој изрази интерес да го донесе Мбапе во своите редови. Другиот, сопствениците на Ливерпул, односно американската компанија, како и Леброн Џејмс, кој има сопственички удел, интензивно работат на доведување на една голема фудбалска ѕвезда која би го тресела гигантот од „Енфилд Роуд“.Ова изгледа како добитна комбинација за обете страни, но останува да видиме дали желбите и плановите се совпаѓаат.
Foto:Profimedia