Дали ви пречи надуеноста? Се чини дека колку и да внимавате на исхраната, да ја одберете вистинската храна или да вежбате редовно, чувството на надуеност сè уште постои. Некои денови се полоши од другите кога станува збор за надуеност.

Сите ние се чувствуваме подуени во стомакот од време на време. Повеќето луѓе земаат некои лекови без рецепт за да ја ублажат оваа состојба. Сепак, подобра опција е природниот пристап, пробајте со некој овие пијалоци, чаеви, може да ви помогне:

Во тие моменти пробајте еден од пијалоци кои се идеални кога имаме проблем со надуеност:

Пробајте 6 едноставни пијалоци за порамен стомак.

  1. Вода со вкус
    Хидратацијата е примарна кога сакате да го исчистите вашето тело. Ако пиете многу вода, спречувате надуеност. Од друга страна, на овој начин се одржува чувството на ситост. Доколку не сакате да пиете обична вода, додадете неколку капки лимон, парчиња јагода или некое друго овошје за подобар вкус.
  2. Фрапе од лубеница
    Ако ги подготвувате без шеќер, фрапете се одличен начин да се освежите без грижа на совест. Лубеницата е одличен избор за нискокалорична состојка на фрапе. Не само што е природен начин за хидратација поради високата содржина на вода, туку содржи и многу корисни состојки, вклучувајќи го и ликопенот. Содржи и аминокиселина аргинин, која ги намалува мастите.
  3. Ладен чај од нане
    Му помага на телото да се ослободи од вишокот маснотии, но и го забрзува варењето и на тој начин ја спречува надуеноста.
  4. Фрапе од ананас
    Напитокот од ананас ќе ве однесе во тропските предели и ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот килограми. Ананасот содржи ензим бромелаин, кој помага во разградувањето на протеините, го олеснува варењето и спречува надуеност.
  5. Зелен чај
    Содржи антиоксиданси кои можат да влијаат на намалувањето на маснотиите. Исто така, зелениот чај е добар за стимулирање на варењето.

6. Чај од куркума
Кога зборуваме за било каков дигестивен проблем, чајот од куркума е задолжителен. Куркумата е моќен антивоспалителен и антиоксиданс зачин кој се користи за лекување на разни болести. Додавањето прстофат црн пипер ќе помогне во подобра апсорпција на хранливите материи присутни во куркумата и чајот ќе има добар вкус. Чајот помага во олеснување на стомачните проблеми како што се гасови, надуеност и промовира полесно празнење на цревата.

By Author