Во оквир на 13 коло на Лалига Барселона во утакмицата со Селта стигнаа само до реми. Проблемот не е ремито туку како дојде до него .После првите 45 минути Барселона имаше водство од 3 гола и и тоа со погодоците на Ансуа Фати во 5 минута,Серхио Бускет во 18 и Депаја во 34 минута.Со оглед на резултатот никој не го очекуваше распадот на Барса во второто полувреме.

Јаго Аспас со голот во52 минута го започна враќањето на Селта во утакмицата,потоа следеше голот на Нолито во72 минута кој својот тим го доближи на гол разлика за на крај Аспас во 6 минута од продолжението го постави конечниот резултат.Барслона после новото разочарување е 9 та на табелата со 17 бода ,а Селта со 5 бода помалку се на 14 место.

Навивачите на Барселона најверојатно не се сеќаваат на ваква криза. Клубот ќе проба да ја поправи ситуацијата со доаѓањето на новиот тренер .Веќе и официјално е потврдено Чави Хернандез ќе биде нови тренер,во понеделник се очекува да биде представен на медиумите.

Легендата на Барса испрати порака до фудбалерите: Ние сме Барса најдобриот клуб во светот и треба да победуваме ,нерешено и пораз не се опција.

Каталонцитр веќе во наредното коло ѓи очекува градското дерби со Еспањол,многу веројатно со нов тренер па ќе видиме дали нешто ќе се смени и ќе тргнат работите на подобро за Барселона.

By Author